Роналдо не е научен да губи, го пцуеше судијата во Љубљана (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија доживеа бламажа на гостувањето во Љубљана, откако загуби на пријателски дуел со Словенија со 2-0. Со тоа Словенците покажаа сериозни амбиции пред почетокот на Европското првенство, и и одржаа лекција на Португалија, која е еден од фаворитите за освојување на пехарот.

Најдобриот играч на Португалија на сите времиња, Кристијано Роналдо беше целосно немоќен. Во текот на мечот се жалеше на судењето, а на крајот го нападна и четвртиот судија.

„Каде се двата пенали? Е*и се“, му кажал Роналдо на четвртиот судија.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата одново ја губи контролата. Се повеќе сме сведоци на негови испади и во Саудиска Арабија, искажувајќи незадоволство од судиите, од однесувањето на противничките играчи, на публиката…

Се вчитува...