Одѕивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа, а најмногу во Новаци

До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за излезеност на гласачите од 2110 избирачки места.

Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места, гласале 392 066 односно 35,89 проценти.

Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 57,69% додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%.

Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.

Текстот Одѕивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа, а најмногу во Новаци е превземен од МАКФАКС.