ОВА УЧИЛИШТЕ Е ЕДИНСТВЕНО ВО СВЕТОТ: На учениците им се дозволува она што НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ЗАМИСЛИМЕ, се со идеја дека еден ден ќе бидат подобри луѓе

Образованието е едно од најважните делови од животната сложувалка. Често се дискутира за неговото подобрување и потребните иновации.

Кога веќе зборуваме, во Тајланд постои специјално училиште кое е тотално различно од другите.

Имено, станува збор за училиштето Бамбус во Бури Рам, Тајланд. Таа е уникатна бидејќи ја водат ученици кои сами избираат наставници!

Наставниците одржуваат часови, но студентскиот совет ги поставува правилата и спроведува дисциплина. Тие учествуваат и во процесот на упис и одлучуваат кои ученици и наставници можат да влезат во училиштето.

Друга група студенти ги посетуваат маркетите за неделно купување намирници, а потоа оброците ги служат постарите студенти. Сами ги мијат садовите, под надзор на други ученици.

Училиштето е насочено кон градење на личноста и обликување на подобри граѓани, јавува Би-Би-Си. Не се работи само за образование, тука се и животни вештини, професионални вештини, пристојност, споделување, чесност и стремеж да станеме што е можно попримерен граѓанин.

Училиштето не наплаќа такси, а учениците мора да завршат 400 часа општокорисна работа годишно и да засадат 400 садници дрвја.