Убиен Украинец во Хрватска

од Симе Стоиков

Машко тело било пронајдено вчера попладне во центарот на Славонски Брод. Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека веднаш е приведено едно лице поврзано со инцидентот, а денеска соопштија дека привеле уште три лица за кои се води истрага.

Убиениот имал 47 години и бил работник од Украина. Полициски службеници во соработка со жупаниското државно обвинителство (ЖДО) Славонски Брод извршија увид, а ЖДО нареди денеска да се изврши обдукција која ќе ја утврди точната причина за смртта.

Кривичната истрага е во тек со цел да се утврдат сите факти и околности за горенаведениот настан, се наведува во соопштенито за јавноста.

Тамошните хрватски медиуми наведуваат дека на убиството му претходело конфликт кој се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците.

Слични содржини