Најдобрата хрватска тенисерка, Дона Векиќ, важи за една од најубавите спортистки во овој спорт, па не е ни чудо што постојано ѝ се „лепат“ згодни момци.

До неодамна беше во врска со хрватскиот тенисер Борна Чориќ, но очигледно дошло до промена, барем ако им веруваме на балканските медиуми.

Сега се шпекулира дека започнала романса со полскиот тенисер Хуберт Хуркач. Тој не можел да тренира на еден од терените во Мајами, бидејќи таму била Векиќ со другарките. Таа потоа објавила „стори“ на Инстаграм, со пораката: „Извини, Хуби, ова е женско утро“.

Следниот ден, тие имале можност повторно да се сретнат, во бифето, на појадокот. Биле премногу блиски, па многу љубители на тенисот на големо шпекулираат дека во светот на тенисот се наѕира нова љубовна врска, која би можела да ѝ парира на онаа меѓу Гркот Стефанос Циципас и неговата избраничка, Шпанката Паула Бадоса.

Хуркач и Векиќ се подеднакво успешни во тенисот, но треба да се потсети дека таа извесно време беше со колегата тенисер од Хрватска, Борна Чориќ, па тешко е да се каже кој е нејзин омилен тенисер или маж во моментов. Исто така, своевремено беше во врска и со швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка, а беше и во врска со фудбалерот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ.

Што се однесува до настапите на турнирот во Мајами, таа претрпи елиминација од Екатерина Александрова во второто коло, додека Полјакот Хуркач загуби во осминафиналето, од Бугаринот Григор Димитров.