Ексфудбалската ѕвезда има план како да се врати: Сакам да играм за Англија на СП 2026!

Деле Али уште како тинејџер доби шанса да заигра за репрезентацијата на Англија. Таа шанса ја доби благодарение на одличните игри во дресот на Тотенхем. Офанзивниот играч беше одличен, блескаше на теренот и се очекуваше тоа да биде играч кој ќе биде во фокусот уште многу години.

Сепак, кариерата на Деле Али тргна во надолна линија, па по кратката авантура во Евертон, замина на позајмица во Бешикташ, каде што се повреди. Деле Али има само 28 години и едноставно самиот реши дека е прерано да се откаже од фудбалот. Во јуни му завршува договорот со Евертон и ќе мора да најде нов клуб.

Иако ситуацијата воопшто не е лесна, Али верува дека со многу работа и труд ќе успее да се врати во старата форма и не само да биде повторно на теренот, туку да се избори за место и во репрезентацијата на Англија.

„Тешкиот период е зад мене. Сега жчивам во процесот на закрепнување. Го гледам светлото на крајот од тунелот. Мора да бидам трпелив. Имав долг период со повреди, многу падови. Сето тоа ми помогна да се запознаам како личност. Знам дека луѓето ќе кажат дека не сум играл една година, но јас ги знам моите квалитети и ја знам мојата цел, а тоа е да играм на Светското првенство во 2026 година“, вели Али, кој има 37 настапи во англиската репрезентација, а последен пат за Гордиот Албион играл во 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести