EPA-EFE/CJ GUNTHER

Етиопјанецот Сисај Лема и Кенијката Хелен Обири се победници на маратонот во Бостон, еден од шесте најголеми маратони во светот (Њујорк, Чикаго, Лондон, Берлин и Токио), кој го имаше своето прво издание во далечната 1897 година.

Етиопјанецот Лема (34), кој победи и во Лондон 2021 г., ја мина целта пред својот сонародник Мохамед Еса, кој заостана 41 секунда, а трет беше ланскиот победник, Кениецот Еванс Чебет.

Кај дамите, повторно славеше минатогодишната победничка, Обири, која мина низ целта во време од 2:22.37 часа. Втора беше нејзината сонародничка, Шерон Локеди, со осум секунди заостанување, а доминацијата на Кенијките ја потврди Една Киплагат, која беше трета, со задоцнување од 44 секунди зад Обири.