Лазаров ги одбра 20-те ракометари кои треба ќе се спротистават на Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го дефинира списокот за бараж-дуелот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година. Лазаров ги објави имињата на 20-те ракометари на кои ќе смета, а тука се и имињата на резервните играчи.

Македонија и Фарски Острови првата пресметка ќе ја имаат на 8 мај, на теренот на противникот, а реваншот е закажан четири дена подоцна во Скопје, кога и ќе биде познат патникот на следниот ракометен Мундијал.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 3 мај.

- Оглас -

Најнови вести