ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СОНК бара промени во образовната програма

СОНК бара промени во образовната програма

СОНК ќе бара од идната Влада и министерот за образование, да се отстранат сите недостатоци кои биле детектирани од страна на наставниците, во новиот образовен концепт, кој од оваа учебна година се спроведуваше како пилот проект.

„Јас незнам дали концепцијата ќе продолжи да се реализира или можеби ќе има некаков прекин и некаков бај пас, додека оваа генерација не се истера до крај, меѓутоа сите оние забелешки кои колегите од терен ги даваат, кои кажуваат дека некои работи не се спроведливи, ќе бараме законски да се смени и практично со реализација да се направат промени“, рече Јаким Неделков-претседател на СОНК.

Од СОНК велат дека ќе бараат итно решение и на проблемот со недостатокот на учебници.Неделков вели дека одговорноста за ваквата состојба лежи единствено во министерството за образование и наука.

„Наставниците се подготвени и едуцирани и без учебници квалитетно да ја реализираат наставата. Поголем проблем е за учениците, и за родителите. И мислам дека е недозволиво, ако во закон е регулирано дека образованието е бесплатно, меѓу кои и учебниците и учебните помагала навреме да бидат навреме доставени, тогаш обврска е на државата тоа да го обезбеди.Сметам дека ова мора еднаш засекогаш да биде решено“, додаде Јаким Неделков-претседател на СОНК.

„Наставниците неможат да бараат од учениците поголеми знаења од тоа само што им го предале, колку ќе запишат во тетратките толку. Учебниците нас ни се помагала, но за новиот концепт на работа по новата програма, ние треба да знаеме што треба да работиме со учениците. Не е ни до директорите, ни до наставниците и учениците. Министерството за образование е должно да ги дистрибуира учебниците“, нагласи Марина Ѓоргоска- директорка на ОУ Христо Узунов-Охрид.

Инаку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, уште во октомври, поднесе тужбата против Министерството за образование поради недостигот на учебници во основните училишта низ земјава. Од вкупно 126 учебници недостигаа 43 учебници./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button