Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ (12:35 h): Врнежи од снег на повисоките места во западниот дел на Македонија, не се пречка за одвивање на сообраќајот

Охрид, 21. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Во западниот дел од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но засега не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука