Челзи го растури Вест Хем, Сините уште се надеваат на излез во Европа (Видео)

Челзи со 5-0 го доби лондонското дерби против Вест Хем и остана во игра за излез на европска сцена во следната сезона, макар тоа било во Конференциската лига.

Голеадата на Сините ја почна Кол Палмер кој утре полни 22 години, и стана само третиот после легендите Роби Фаулер и Крис Сатон кој на возраст од 21 година или помлад, имал вкупно 30 голови и асистенции во една сезона во Премиер лигата. Тој има 21 гол и 9 асистенции сезонава.

Од друга страна, менаџерот на Чеканите, Дејвид Мојс, ја продолжи традицијата на лоши резултати на гостувањата на „Стемфорд бриџ“. Мојс сега има 19 гостувања кај Челзи и ниту една победа. Ист ваков скор има и на „Енфилд“ во Ливерпул. Оваа сезона е прва во кариерата на Мојс во која негов тим примил 70 голови.

Астон Вила уште е разнишана после поразот од Олимпијакос во Конференциската лига, денеска тимот од Бирмингем загуби 0-1 од Брајтон, па сега ќе стравува за своето место во Лигата на шампионите и ќе навива против Тотенхем кој има два меча помалку.

- Оглас -

Најнови вести