Утрински Весник
Скопје

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

20240423112706 1024x473 1.jpg

Професорот Михаил Гаревски од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени (ИСОГКП) објави дека мостот „Беласица“ во Скопје успешно го издржал товарењето и дека е спремен да биде пуштен за сообраќај и за тешки товарни возила. – Битката за мостот „Беласица“ падна, мостот „Беласица“ не падна – напиша Гаревски на фејсбук. Мостот беше опожарен пред една година, лани во мај, и целосно беше затворен за сообраќај по пожарот кој изби на топловодните цевки кои спроведуваат топлинска енергија. Како тест беа поставени шест камиони со вкупна тежина од 208 тони, наредени еден до друг во средина на централниот распон на мостот. Од Град Скопје изјавија во саботата дека од резултатите ќе зависи дали мостот ќе биде пуштен целосно во употреба, односно сите четири ленти. – По завршувањето на мерењата и добивање на извештај од мерењата доколку се задоволени дозволените параметри, мостот ќе се пушти во целосна употреба во сите четири ленти – велат од Град Скопје. Останува уште ЕСМ да ги постави новите топловодни цевки кои веќе подолго време стојат покрај мостот.

Можете да прочитате

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон

Утре во Скопје авионска дезинсекција против лаври од комарци

Арсовска откри зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад