Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Први 45 минути во Дортмунд и Барселона: Борусија има резултат кој ја води во полуфинале, Араухо направи огромен проблем за Чави (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд го започна реванш четвртфиналето против Атлетико Мадрид со негатива од 1:2, но Германците од првата минута тргнаа по пресврт и веќе во првите 45 минути ја анулираа негативата.

„Милионерите“ го ставија во шише тимот на Чоло Симеоне и со серија напади се обидоа да дојдат до брз гол, па иако тоа не го остварија, најдоа вистински решенија во последната третина од првиот дел.

Најпрво погоди Јулијан Брандт по додавање од Матс Хумелс во 34-та минута, а пет минути подоцна веќе беше 2:0 на „Сигнал Идуна парк“ и дојде до големо славје на трибините.

Младиот Матсен доби топка од Забицер и навистина храбро биеше во мрежата на гостите, па Борусија на полувреме дојде до резултат кој ја носи во полуфиналето во Лигата на шампионите.

На вториот меч, Барселона отвори подобро и заслужено поведе со голот на Рафиња, но откако Левандовски пропушти шанса за 2:0, следеше шокантен момент и домаќините останаа со играч помалку.

Араухо доби црвен картон за старт над Баркола, а за да биде уште полошо за Барса, Дембеле погоди за 1:1 пред да се замине на пауза.

Вкупниот резултат и натаму е 4:3 за Барселона, но ПСЖ сигурно ќе нападне со сите сили по пресврт во вториот дел.

Двата гола на Борусија погледнете ги ТУКА

Головите од „Монжуик“ погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни