Чави повторно зборуваше за својата иднина во Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, денеска повторно зборуваше за својата иднина во каталонскиот и повтори дека не ја променил конечната одлука.

Чави кон крајот на јануари јавно соопшти дека ќе си замине на крајот од сезоната, но медиумите во последните неколку недели пишуваат дека тој ќе ја промени одлуката.

„Апсолутно ништо не е променето, и понатаму стојам на својата одлука за заминување на крајот на сезоната. Таа одлука позитивно влијаеше на играчите да сфатат дека во Барселона никој не е вечен и дека секој може да си замине. Сега сакам да одиме меч по меч, мислиме на Кадис и сакаме да победиме. Во спротивно, ќе се простиме од титулата во Ла Лига“, изјави Чави.

Шпанските медиуми пишуваат дека Чави за дуелот со Кадис во Ла Лига, најверојатно ќе одмори неколку клучни играчи пред реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампините против ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести