Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело „закачи“ две ѕвезди на ПСЖ: Тие беа катастрофални

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Пари Сен Жермен доживеа пораз и на вториот меч со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, резултат со кој „светците“ официјално беа елиминирани од елитното натпреварување во кое бркаа трофеј со години.

Домаќините упатија +30 удари кон голот на „милионерите“, четири пати ја погодија рамката од голот на Кобел, меѓутоа сета таа доминација, статистика паѓа во вода кога ќе загубите со 1-0 или со 2-0 противникот оди во големото финале на „Вембли“.

Секако многу повеќе се очекуваше од Килијан Мбапе, но според легендарниот Фабио Капело потфрлиле уште двајца значајни играчи, Хакими и Дембеле.

-Мбапе не направи многу и имаше шанса да постигне гол, но обично Хакими на десната страна прави нешто, исто како Дембеле. Тие беа катастрофални, немаа ниту едно опасно нафрлање.

-Не може да се игра само во последните 20-25 минути, тренерот требаше да направи замени порано. Кога во вториот дел од натпреварот внесе побрзи играчи, видовме поинаков ПСЖ, но оние кои почнаа играа премногу едноставно, -порача Капело за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни