Вербално нападнат новинарот Невриј Адеми – заканувачите мора да одговараат

0
99

За време на одржување политички настан вчера во Тетово, според информациите на новинарот Невриј Адеми, тој бил вербално нападнат од припадници на политички партии, додека ја вршел својата работа.

„Бегај од овде бидејки знаеш што можам да ти направам“ рече еден од припадниците на политичка партија, сакаше да ме избрка од местото каде што седев јас со другите колеги новинари. Откако не прифатив и останав на истото место, потоа ми се приближи уште едно лице од кое ме прашуваше : „Кој те повикал тебе овде, ти немаш место тука“.

Откако сфати дека нема да си одам, почна да користи пцовки и да ми се заканува по живот со зборовите “Ќе те заколам, ќе те убијам” – вели Адеми.

Потсетуваме дека доколку новинарите бидат спречени во вршење на должноста, вербално или физички нападнати, ваквата постапка ќе се смета за кршење на законот бидејќи со последните измени во Кривичниот законик, кои беа донесени во февруари годинава, нападот на новинар ќе се смета како напад на службено лице. Улогата на новинарите е да пренесуваат информации чии консументи се граѓаните. За време на вршењето на нивната професионална задача потребно е да имаат пристап до информации за да можат во целост да ја завршат својата работа, притоа почитувајќи ги етичките и професионалните стандарди.

извор:ЗНМ