28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМногумина ќе бидат разочарани од големата промена на „YouTube“

Многумина ќе бидат разочарани од големата промена на „YouTube“

„YouTube“ воведе промени кои нема да ви се допаднат ако сте навикнати да го користите без да се најавите.

Имено, на корисниците кои не се најавени на сметка на „Google“, или се во инкогнито режим, веќе не им се прикажуваат препорачаните видеа.

Оваа промена значи дека на таквите корисници им се прикажува едноставна почетна страница на „YouTube“, без никакви видеа или препораки за тоа што да гледаат.

Претходно, дури и во горенаведените случаи, „YouTube“ даваше предлози, но сега корисниците само ја гледаат пораката „Започни“ и „Почнете да гледате видеа за да ни помогнете да изградиме фид што ќе ви се допадне“.

Во неколку тестови спроведени од „BleepingComputer“, оваа специјализирана страница забележала дека, дури и кога се бара нешто на страницата, не се прикажуваат предлози потоа.

Некои корисници се пожалија на социјалните мрежи дека „премногу агресивните“ тактики на „YouTube“ се користат за да ги принудат да создадат сметка, или ако имаат, да се логираат и нивните активности да се следат на платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП