Крај на војната меѓу некогашниот „златен“ пар на Холивуд: Бред Пит стави точка!

253

Конечно се ближи крајот на едногодишниот развод на Бред Пит и Анџелина Џоли. Daily Mail дознава дека актерот се откажал од барањето заедничко старателство над нивните деца.

Извор за Дејли Мејл изјавил дека парот, кој од 2016 година води битка за старателство во судот, моментално се во преговори и конечно се поблиску до ставање крај на правната драма.

Иако Бред првично барал заедничко старателство над нивните деца, извор сега тврди дека актерот повеќе не го бара тоа. Тоа значи дека Анџелина ќе го задржи старателството над децата, а тој ќе има право на посета.

Голем фактор во таа одлука е што некои од децата сега се пораснати. Медокс има 22, Пакс 20, а Захара 19, Шилон 17 и Нокс и Вивиен 15 и се уште се малолетни. Се верува дека постарите деца се во лоши односи со Бред, и бидејќи тие се возрасни, не се опфатени со никакви договори за старателство.

Захара неодамна јавно се откажа од презимето на нејзиниот татко, а на Денот на таткото 2020 година, Пакс го нарече Бред „кретен од светска класа кој ги тера неговите четири најмали деца да треперат од страв“.

„Ги претвори животите на моите најблиски во пекол“, напиша тој и додаде:

„Можете да си кажете себеси и на светот што сакате, но вистината еден ден ќе излезе на виделина.

Тој саркастично заклучи: „Среќен ден на таткото, е.ено, ужасно човечко суштество“.

Пакс го напиша ова за Пит на неговиот приватен Инстаграм профил кога имал 16 години, но тоа било објавено дури пред неколку месеци.