Партијата на Македонците во Србија вели дека Бујар Османи ја злоупотребува функцијата


 

По контроверзното коспонзорство на Македонија на резолуцијата за геноцидот во Сребреница реагираше Партијата на Македонците во Србија, велејќи дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја злоупотребил неговата функција во техничката влада.

„Изјавата на Османи не засега и нас Македонските во Србија. Тоа е класична злупотреба на функцијата која е изведба Османи (сега член на техничка влада, која освен да спроведува извори, нема мандат за вакви одлуки)

Османи нема мандат и право да настапува во име на државата Македонија,ова може да биде само негов лиценца или став на ДУИ.

Се работи за класична злупотреба на функцијата. Македонците во Србија се дел од конститутивните народи на Србија и секоја идеја, одлука којашто ѝ штети на Србија нѐ засега и нас, Македонците во Србија“, велат од Партијата на Македонците во Србија.