еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев се закани дека Бугарија ќе активирала европски механизми за „антибугарската омраза и хистерија“ во Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев, по предлогот од завчерашната седница на Советот за безбедност на бугарски државјани да им биде забранет влез во државава, изјави дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај, како што истакнува, на оваа антибугарска омраза и хистерија.

-Сега разбирате зошто толку се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во Уставот на Македонија и тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговори. Значи, Македонија не ги ни започна преговорите.

Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што се водат овие преговори. Очекувам институциите на Македонија да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања, ова веќе не е доволно – крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања.

Во нашиот случај, бидете сигурни дека ќе се активираат сите европски механизми за да престане оваа антибугарска омраза и хистерија, изјави Радев, во одговор на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Пендаровски го покани Милков да ја посети Ваташа, Ковачевски чека од бугарскиот министер појаснување за скандалозната изјава

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројцата заболени од коронавирус во Македонија во стабилна здравствена состојба

Редакција

Остранети проблемите со апликацијата за попишување, Пописот продолжува

Редакција

Што пишува во биографијата на новиот заменик министер за образование Петар Атанасов?

Редакција