Баскијците и Болоњезите во решавачка битка за кој да игра со Реал Мадрид во плејофот (Фото)

Басконија и Виртус Болоња вечерва го одиграат плејин-мечот кој ќе одлучи кој од овие два тима ќе биде ривал на Реал Мадрид во четвртфиналето на плејофот во кошаркарската Евролига.

Баскијците се благи фаворити на хартија според квотите во Sport Life, но тимот од Болоња сезонава победи кога гостуваше во Виторија. Басконија се реваншираше со победа во Болоња, па домашниот терен и не е клучна предност во нивните меѓусебни пресметки. Виртус и со победата над Анадолу Ефес во првото коло од плејинот покажа дека знае да биде опасен гостин.

Во понудата на Sport Life има и 11-мина кошаркари на кои може да погодувате колку поени ќе постигнат, а и по неколкумина во понудата за број на скокови и асистенции.

- Оглас -

Најнови вести