Повеќе пари, посреќен брак!

Според ново истражување објавено во Journal of Marriage and Family државите во САД кои ја зголемиле минималната плата ги намалиле стапките на разводи кај оние со пониски примања.

Студијата е прва која систематски го испита влијанието на зголемувањето на минималните плати врз стабилноста на бракот во Соединетите држави.

Според истражувачите до сега не се правени вакви студии. „Претходно (истражувањата) покажале дека тешкотиите на посиромашните парови произлегуваат од неефикасна комуникација. Тоа не се совпаѓаше со нашите сознанија за паровите со пониски примања. Во нашите студии, главната пречка за среќен брак за нив е стресот предизвикан од немање доволно средства за живот.“

Истражувачите се запрашале дали политиките кои ја намалуваат нееднаквоста во приходите ќе влијаат на бракот и разводот.

Не е дека откриле топла вода, но добро е да се има научни докази за нешто што се чини логично. Нивниот труд дава одговор на тоа прашање и можете во целост да го погледнете тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *