Барса ги чува асовите: Нови договори за Нгесан и за Карлсбогард

Барселона се подготвува за завршницата на сезонава и претстојните четвртфинални пресметки во Лигата на Шампионите против ПСЖ, а управата на каталонскиот гигант напорно работи и на формирање на играчкиот кадар за наредната сезона.

Каталонците потпишаа нов договор со тренерот Ортега, успеаја долгорочно да ги „врзат“ и суперталентираните браќа Петар и Ѓорѓе Цикута, а во последните 48 часа паднаа уште два значајни потписа во Барселона. Тимоти Нгесан во текот на вчерашниот ден потпиша нов договор со каталонскиот гигант, а денеска истото го стори и Јохан Карлсбогард.

Шведскиот репрезентативец имаше договор и за наредната сезона, но каталонците беа задоволни од неговите игри по транферот од Лемго, па тој денеска ја продолжи соработката и ќе остане член на Барса до 2028 година.

„Пресреќен сум што сум дел од овој клуб. Животот надвор од теренот во Барселона исто така е фантастичен, мојата сопруга е пресреќна овде. Затоа, презадоволни сме што останувам дел од Барса уште три дополнителни сезони“, изјави Карлсбогард по потписот на новиот договор.

Се вчитува...