Драматичен финиш: Рома со гол во 95. минута до победа на прекинатиот меч во Удине

Рома направи огромен чекор напред кон обезбедување на петтото место кое води во ЛШ следната сезона откако „волчицата“ славеше со 1-2 на гостувањето против Удинезе. Овој меч беше прекинат пред десетина дена откако Ндика колабираше на теренот, а според пропозициите вечерва се доигруваа само преостанатите 19 минути.

Остатокот од мечот мина без преногу шанси, се чинеше дека ќе дојде до поделба на бодовите се до последната акција на натпреварот, кога по корнерот на Дибала на вистинско место се најде Кристанте, со глава сместувајќи ја топката во мрежата за огромен триумф на својот тим.

Рома со оваа победа сега има 58 бода на петтото место, четири помалку од четвртопласираната Болоња и „плус четири“ во однос на Аталанта на шестата позиција.

Се вчитува...