Македонскиот тенисер Калин Ивановски го освои турнирот во Мадрид

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски продолжи со одличната форма и пред крајот на оваа календарска годна го освои трофејот на ИТФ-турнирот во Мадрид.

Во финалето Калин играше против Марк Вајтхаус од Велика Британија. Дуелот македонскиот тенисер го доби со 2:0 во сетови. Во првиот сет Ивановски направи брејк и со 6:4 го доби сетот, а во вториот беше уште подобар.

Треба да се спомене дека Вајтхаус на АТП ранкигот беше за 50 места подобро пласиран од Калин кој сигурно ќе напредува од моменталната 627. позиција.

За Ивановски ова е трет трофеј во кариерата. Претходно ги освои фјучерсите во Хераклион (Грција) и во Монастир (Турција).

 

 

Претходна вестБритански министер: На Албанците да им се забрани да аплицираат за азил
Следна вестСтруга со победа го потврди првото место по есенскиот дел во ПМФЛ