Мулти Есенс доминантно до титулата младински шампион на Македонија

Мулти Есенс е новиот шампион на Македонија во младинска конкуренција, откако скопскиот клуб во голем стил, максимално доминантно ја осигура титулата уште на четири кола до крајот на сезоната.

Идејата Мулти Есенс да делува како расадник за млади и талентирани ракометари се покажува како полн погодок, младинската екипа функционираше одлично од почетокот на сезоната, во досегашните 20 одиграни средби има максимални 20 бодови, па избраниците на тренерот Миле Бочкароски веќе имаат недостижни 13 бода предност пред второпласираниот Пролет, плус 15 во однос на Младост Богданци на третата позиција.

Во денешниот меч од 20. коло ракометарите на Мулти Есенс како гости го декласираа тимот на Овче Поле со 25-43, за математички да ја осигураат титулата на четири рунди до официјалниот крај на сезоната.

Се вчитува...