Откриено што му кажа Белингам на Кејн пред пеналот (Видео)

Англиските медиуми после полуфиналниот дуел на Баерн Минхен и Реал Мадрид, најмногу се занимаваа со ситуацијата во која Џуд Белингам имаше нешто да му порача на сонародникот Хари Кејн пред голгетерот на Баерн да го изведе пеналот.

Кејн рече дека слушнал дека Белингам му кажува нешто во обид да го деконцентрира, но бил толку фокусиран на пеналот, што не ни слушнал што му кажал помладиот репрезентативен колега. Кејн не дозволи да биде дестабилизиран, остана смирен и го реализираше пеналот за водство од 2-1.

Откриено е и што му кажа ѕвездата на Реал на најдобриот стрелец на Баерн.

„Знам дека ќе шутнеш лево“, му рекол Белингам на Кејн.

- Оглас -

Најнови вести