Ниту Рома нема да може да ја запре победничката серија на Росонерите

6021 Милан – Рома (21.00 часот)

Дуелот на двата италијански тима е дерби на четвртфиналето во Лигата на Европа. Милан заедно со Ливерпул се сметаат за најголеми фаворити за титулата. Милан во осминафиналето ја елиминира Славија Прага со две победи (3:1,4:2) и вечерва на „Сан Сиро“ ќе игра против Рома, која во претходната рунда беше подобра од Брајтон (4:0,0:1).

Тренерот на Росонерите, Стефано Пиоли, за вечерва нема да може да смета на тројца клучни играчи, Томори (суспензија), Калулу и Побега (повреди), но седумте победи во последните седум меча го прават Милан фаворит вечерва. Годинава Милан и Рома веќе одиграа еден меч и славеа Росонерите со 3:1.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.24)

 

6729 П’лзењ – Фиорентина (20.45 часот)

Виолетовите имаа среќа на ждрепката и го добија најпосакуваниот противник, чешкиот тим П“лзењ. Фиорентина во осминафиналето го елиминира Макаби Хаифа (4:3,1:1), додека П“лзењ беше подобар од Сервет (1:0,0:0).

П’лзењ вечерва ќе биде драстично ослабен, дури деветмина фудбалери не се во комбинација за настап, што ја прави Фиорентина голем фаворит не само во двомечот туку и на вечерашниот дуел. Фиорентина, која во последните две кола во Серија А загуби од Милан (2:1) и Јувентус (1:0), се очекува да доминира вечерва и да се обиде уште по првиот меч да обезбеди резултат кој ќе ја приближи до полуфиналето.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.94)

 

6022 Бенфика – Олимпик Марсеј (21.00 часот)

Во овој двомеч нема фаворит, двата тима влегуваат со подеднакви шанси за пласман во полуфиналето. Олимпик по лошиот старт на сезоната и промената на двајца тренери, ја стабилизира играта под палката на Жан-Луис Гасет и се врати во битката за пласман во европските купови.

Но, во дуелот со португалскиот гигант влегува во серија од четири порази по ред, а дополнителен проблем за Гасет претставуваат повредите на Муриљо, Онана, Руиз, Надир. Сепак, имиња како Обамејанг, Сар, Ндаје, Верето, Унахи, Кондогбија се гаранција дека Олимпик Марсеј ќе игра офанзивно. Минатиот викенд Бенфика со поразот од Спортинг Лисабон (2:1) најверојатно ја загуби битката за титулата во португалскиот шампионат и фокусот ќе го насочи кон Лигата на Европа.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.10)

 

6045 Олимпијакос – Фенербахче (18.45 часот)

Овој дуел го привлекува вниманието бидејќи станува грчко-турска пресметка и домаќините на двата меча повеќе од сигурно е дека ќе имаат огромна поддршка од своите навивачи. Фенербахче се наоѓа во подобра форма, а во осминафиналето како гостин во првиот меч со 3:0 го победи Унион Сен Жил и ги реши дилемите околу пласманот во четвртфиналето во Лигата на конференции.

Олимпијакос направи неверојатен пресврт во осминафиналната пресметка со Макаби Тел Авив. Прво во Пиреја загуби со убедливи 1:4, па во реваншот кој се играше во Бачка Топола, Србија, ја надомести негативата (1:4) и потоа во продолженијата од двапати по 15 минути даде уште два гола за убедлива победа од 1:6.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.10)

 

6023 Ливерпул – Аталанта (21.00 часот)

Ливерпул заедно со Милан се главни фаворити за триумф во Лигата на Европа, но Црвените во четвртфиналето имаат незгоден противник во Аталанта. Иако со Арсенал и Манчестер сити води мртва трка за титулата во Премиер лигата, менаџерот Јирген Клоп посакува со трофеи да го напушти Ливерпул и за очекување е да не ги штеди главните ѕвезди.

Аталанта иако игра одлично сезонава, е голем аутсајдер на „Енфилд“ и конечниот резултат ќе зависи само од Ливерпул, чии фудбалери сигурно е дека ќе сакаат да го испратат Клоп со европски трофеј.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.89)

- Оглас -

Најнови вести