Променливо облачно и посвежо

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец

Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност, во делови од регионот со услови за краткотарен пороен дожд

Променливо облачно со повремен дожд

Сончево со локални врнежи дожд

Променливо облачно со засилен ветер, попладне дожд