Кинеската трговска размена сигнализира закрепнување на домашната и странската побарувачка

Кинескиот извоз и увоз повторно се зголемиле во април, покажуваат во четвртокот објавените податоци на царинската управа, што сигнализира подобрување на домашната и странската побарувачка.

Извозот во април е зголемен за 1,5 отсто во однос на истиот месец лани, откри заводот за статистика. Во март се намали првпат од ноември, и тоа за 7,5 отсто.

Увозот скокнал за 8,4 отсто. Во март беше намален за 1,9 отсто.

Суфицитот во трговската размена на Кина со светот во април скокнал за 23,6 отсто, на 72,35 милијарди долари.

Увозот на јаглен се зголемил за единаесет отсто, на 45,25 милиони метрички тони, бидејќи производителите на електрична енергија ги засилија набавките пред врвот на летната потрошувачка.

Увозот на железна руда пораснал за 1,1 отсто, поблаго отколку во март, кога дел од откупувачите ги искористија поволните цени за набавка, очекувајќи и побарувачката и цените силно да пораснат во остатокот од годината.

Увозот на соја скокнал за 18 отсто, исто така поттикнат од поволните цени кои беа притиснати од обилните испораки од Бразил.

Во првите три месеца од годинава извозот и увозот се зголемени за 1,5 отсто на годишна основа.