Македонија ја започнува мисијата за ЛОИ 2024

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за она што следува во наредниот период, настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).

Селекторот Александар Јончевски, и неговите соработници од стручниот штаб, го одредија поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за наредните репрезентативни активности.

Освен тоа, на 24. јули (понеделник), од 18.часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, е предвиден почетокот на подготвителниот период.

ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

(за олимписки претквалификациски турнир-Талин 2023)

Војдан Стојановски

Ненад Димитријевиќ

Ти-Џеј Шортс

Андреј Јакимовски

Андреј Магдевски

Адем Мекиќ

Андреј Маслинко

Стојан Ѓуроски

Дамјан Робев

Виктор Ефремоски

Љубомир Младеновски

Андреј Андоноски

Теодор Симиќ

Андреј Шошкиќ

Резарт Мемед

Марин Петков

Андреј Митревски

Амар Хот

Селектор: Александар Јончевски

- Оглас -

Најнови вести