Член на Избирачки одбор во село Јанчиште, општина Јегуновце изврши притисок кон набљудувач на ЦИВИЛ. Член на избирачки одбор му се обратил на друг член на избирачки одбор при што упатил навредливи зборови кон набљудувачот на ЦИВИЛ.
Од ЦИВИЛ остро реагираат и велат дека Избирачките одбори се во служба на законoт, во служба на јавниот интерес и во служба на највисокто демократско изразување на граѓанките и граѓаните, а тоа е изразување на нивната слободна волја на денот на гласањето.
„Таков напад, такви навреди, такви притисоци се неприфатливи. Неприфатливо е член на избирачки одбор или било кој да се обраќа на таков начин на набљудувач. ЦИВИЛ набљудува во согласнот на законот, Уставот и изборниот законик и демократските стандарди и принципи“, кажа на првата прес конференција за текот на зиборите претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала.
Тој кажа дека за овој случај ќе се известат сите релеватни институции, ОБСЕ/ОДИХИР и амбасадите во земјата.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како и секој изборен циклус така и овие претседателски и парламентарни избори, ги мониторира овие избори со 80 набљудувачи, а во текот на денот ќе одржи осум прес конференции на македонски и албански јазик.
Назми Абдурахмани