Столтенберг од Скопје не гледа директна воена закана против земјите во регионот

Не гледаме директна воена закана за која било од земјите во регионот, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција по неформалниот состанок на лидерите на НАТО-сојузните од регионот.

Сепак, посочи дека сите треба да разберат зошто овој регион е од толкава важност, особено за НАТО.

„Да, загрижени сме за развојот на настаните кои одат секој во своја насока во одредени држави во овој регион, но треба да се препознае силата и важноста на НАТО. Алијансата е присутна веќе долги години во овој регион“ – рече тој.

Посочи дека во Косово го зголемиле присуството со околу 1 000 дополнителни трупи и со потешко вооружување.

Според него, Западен Балкан се важни за НАТО, зашто се сојузници, партнери во регионот и имаат заедничка историја, но и обврска во обезбедувањето мир.

Претходно, Столтенберг рече дека Република Македонија е валиден сојузник на НАТО, која дава заеднички придонес за заедничката безбедност.