Мбапе: Платини е легенда на францускиот фудбал, но мојата цел е да го надминам!

Килијан Мбапе има 38 голови во дресот на француската репрезентација, а пред утрешното гостување на Триколорите кај Република Ирска, најави дека планира наскоро да го надмине Мишел Платини кој за Франција даде 41 гол и во моментов е четврти на вечната листа на стрелци во националниот тим.

Прв е Оливие Жиру со 53 гола, а од активните пред Мбапе е и Антоан Гризман со 43. На Мбапе зсега прва цел му е да стане четврти и да го прескокне славниот Платини.

„Чест ми е што тој е следниот пред мене кого треба да го поминам. Платини е голема легенда на францускиот фудбал, но целта ми е да го надминам“ – изјави новиот капитен на Галските петли по пристигнувањето во Даблин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести