Алтона Вардар победник на МАСО купот во Австралија

Осумнаесет македонски клубови заедно со 34 екипи од цела Австралија во изминатите три дена одиграа 65 натпревари на традиционалниот турнир „Масо куп“, одржан во Њукасл, во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс.

Победничкиот пехар на националниот фудбалски МАСО куп, наредните 12 месеци ќе го чува Алтона Меџик од Мелбурн откако викендот во Њукасл го совлада Џелонг Македонија со 1:0. Победници во останатите категории во машка конкуренција беа Њукасл санс и Рокдејл Илинден, додека во женска Бродмедоу меџик.

Турнирот беше одржан по пауза од две години поради пандемијата на ковид-19. Натпреварувањето на екипите од македонската заедница во Австралија беше организирано за првпат во 2008 година. Прв победник беше Алтона Меџик Вардар, а Рокдејл Илинден е рекордер со осум освоени пехари.

Претходна вестДодека и угодуваат на Бугарија, Македонија ќе се испразни
Следна вестГаздата на Ал-Наср: Дадов 200 милиони евра за Роналдо, а тој само знае да каже „Сиууу“!