„Благодарам“ зошто и колку често го користиме?

Колку често кажуваме искрено благодарам и зошто е тоа важно? Научно е докажано декa благодарноста не прави позадоволни, посреќни и поисполнети. Се чини дека благодарните луѓе се подговтвени да прават добри работи за другите. Придобивките од практилување благодарност се речиси бескрајни. Но, дали навистина го разбираме концептот?

„Уствари не знаат некои основи работи за морал, етика, и нормлано однесување спрема своите родители а како и према своите соседи. Заблагодарувањето зависи од зависнот на моменталната ситуација, односно доколку имаат некоја материјална корист, се заблагодаруваат. Но после тоа кога ќе заврши материјалната корист ги забраваат и поминуваат луѓето, па некогаш и своите родители ако не им дадат некои материјални средтсва, тие почнуваат да ги бојкотираат на еден начин со непочитување со излегување и враќање во несоодветен термин„

„ Па заблагодаруват се на старите, на пензионерите на кој ќе се заблагодарат без работа избегаа ни младите. Култура, па мала ни е културата на младите, према старите сакам да кажам, мала ни е културата „

Поголем број од граѓаните се децидни дека благодарам добиваат само кога станува збор за материјално добро, но во реланоста младите често не го практикуваат тој гест.

„Не, пари ако имаш ке ти се заблагодарат ако немаш нема да ти се заблагодарат. Благодарам, фала ама нема ништо од тоа, ништо од тоа не важи, ја го имам затоа и не сум благодарен.“

„Ја а мене, мојте спрема мене се добри, за други не знам за мојте деца си кажувам. Имам син и ќерка, спремна мене се добри, сеа за други не знам, не можам да кажам“

Прифаќањето на оваа навидум обична појава, не само што ги подобрува нашите секојдневни искуства, туку и поттикнува чутсво на задоволство, и мир преку редовно признавање на малите радости во животот.

Лаура Стојанова М-Нет