Притвор од 48 часа за две лица осомничени за убиството на лекарот во скопска Железара

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекарот окторот Ацо Трпковски, во скопската населба Железара.

Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази за убиството, велат од Обвинителството.

Вчера беа приведени вкупно три лица кои се сомничат за стореното убиство.