Тања Милушева именувана за потпретседател на Беласица

Струмичка Беласица направи промени во клупската структура и за првпат донесе одлука функцијата потпретседател да ѝ ја довери на жена. Тања Милушева е нов потпретседател на струмичкиот второлигаш, откако со одлука на одборот на фудбалскиот клуб Беласица за потпретседател на струмичката фудбалска гордост од денес именувана е Тања Милушева жена од бизнис секторот која што е со силни амбиции Беласица повторно да се врати на врвот во македонскиот фудбал.

За првпат во македонскиот фудбал Струмица добива жена потпретседател која има земено учество во повеќе хуманитарни акции за социјално ранливи категории и донации на медицинска опрема за струмичката болница.

Претседател на клубот останува Славчо Васков – Пинда.

Беласица есенскиот дел во Втората лига го заврши на 9. место со 20 бодови на своето конто и во пролетната полусезона ќе се бори за што подобар пласман, додека пак за следната сезона ќе гради тим за враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет