„Волшебникот од Оз“ – театарска претстава од деца за деца

Денес со почеток во 12:00 часот во просториите на Училиштето за театар „Од игра до претстава“, ќе може да ја погледнете претставата „Волшебникот од Оз“.

Добро познатата приказна за малото девојче Дороти во светот на Оз, е една од почесто изведуваните од програмата на училиштето за театар „Од игра до претстава“. Како резултат чија цел беше да се покажат актерски потенцијали на учениците, совладување различни карактери со палета од различни емоции, истата плени со искрената актерска игра која задржува особено внимание за поширока публика. Едукативна, забавна и интерактивна. Таква е нашата „Волшебникот од Оз“. Училиште за театар


МЕНТОРИ:
Игор ИВКОВИЌ
Миодраг КОСТИЌ
Марина ПОП ПАНКОВА
Мето ЈАНАКИЕВСКИ

Играат:
Неда ТАСЕВСКА – ДОРОТИ
Максим АПОСТОЛОВСКИ – ОЗ
Андреј ТАНУШЕВ – СТРАШИЛО
Теофил САЧКАРСКИ – ЛИМЕНИОТ
Ведран МАРИЧИЌ – ЛАВОТ
Теона ТРОШАНСКА – ДОБРАТА ВЕШТЕРКА
Матеа КОЗАРОВСКА – ДОБРАТА ВЕШТЕРКА
Јана ГРУПЧЕВА – ГЛИНДА
Дарија СЕКУЛОВСКА – ГРИЦКОВКА/СТРАЖАР
Марко МИНОСКИ – ГРИЦКО/СТРАЖАР
Неда БЛАЖЕВСКА – ЛОШАТА ВЕШТЕРКА
Андреа СТОЈКОВСКА – ЛОШАТА ВЕШТЕРКА
Анастасија ГЕГОВСКА – КРАЛОТ НА МАЈМУНИТЕ
Теодора ТРАЈКОВСКА – КРАЛОТ НА МАЈМУНИТЕ


Цена на билет 200 денари. Продажба на билети: на денот на изведбата на претставата од 15:00 часот до почетокот на истата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …