Во прв ред

Музика24 ексклузивно на новогодишниот концерт на почитуваниот Павле Камилоски (Фото)

Павле Камилоски создаде предновогодишна магија во МНТ

Сѐ попознатиот македонски пејач, баритонот Павле Камилоски на 15-ти декември 2023 година во својот календар ќе го вреже како датум на својот предновогодишен концерт во Македонскиот народен театар, на кој во заднина на магијата што ја создаде доминираа звуците од светски божиќни и новогодишни хитови, неговата елеганција на сцена и љубовта на која инсистираше и самиот тој. Љубовта и преку песните и во своите обраќања до публиката.

Пејачот беше уште веднаш видно возбуден од среќа. Ги поздрави присутните во полната сала на македонски, а своите пријатели странци и на англиски јазик, и ѝм порача да се чувствуваат како да се дома кај него, посебно заблагодарувајќи ѝм што освоиле од својот буџет средства а и време, да дојдат заедно да ја слават таа ноќ. Кажа и здравица, а за коктелот со освежителни напитоци, со кој беа пречекани гостите на влезот ѝм се заблагодари на Горан и Марин од “Саманта”.

„Колку сте убави сите насмеани, дотерани, срцево ми е полно, верувајте ми”, ѝ се обрати на публиката.

Романтичниот изведувач “ја испиша книгата” на овој свој концерт со познати светски божиќни и новогодишни хитови („It’s the most wonderful time of the year”, „Let it snow”, „Santa Claus is coming to town”…), но пред сите тие да бидат испеани, најпрво, влезот во репертоарот го направи со својата “Универзумот си работи за нас”. Не остана должен да запее и уште нешто на македонски јазик, тука беше и „Еден бакнеж” која ја заврши со пораката низ песната „Ве љубам јас”. Запеа и од Масимо Савиќ, а пред крај за изненадување исполни песни во дует со пејачката Наташа Миха.

Изведувачот следи комплетно светски стандарди во изведбите, и веќе е слободно може да се каже дека универзумот си работи за него а “неговото вистинско време” е сѐ поблиску, за среќа и на публиката која пак очекува нови хитови и нови вакви магични концерти.

За миг Камилоски нѐ пренесе во некои (по)романтични места, некои други меридијани, на момент како и на ексклузивни крстарења на брод, па на некои ладни предели каде гранките на дрвјата како да натежнале од снег, а сето тоа во топлата сала на Македонскиот народен театар.

Автор на текстот: Валентина Ѓеоргиевска – Парго

Можеби ќе ве интересира: