Мурињо од трибините го следеше натпреварот на својот нов тим

6494
epa11029676 AS Roma's head coach Jose' Mourinho gestures during the UEFA Europe League group G soccer match between AS Roma and Sheriff Tiraspol, in Rome, Italy, 14 December 2023. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

На сите некако им е убаво што Жозе Мурињо одби да замине во Саудиска Арабија, и што ќе остане во европскиот фудбал, бидејќи секако додава некаков дополнителен шарм кога е во прашање најважната споредна работа.

Португалецот наводно имал неколку понуди откако ја напушти Рома, но се уште не се одлучил да прифати ниту една од нив. Како што стојат работите, за многу брзо време тоа ќе се промени, барем ако им се верува на британските медиуми.

Имено, Мурињо во неделата беше на „Крејвен Котиџ“ каде го следеше натпреварот помеѓу Фулам и Ливерпул на кој гостинскиот тим победи со 3:1 и со тоа ја продолжи трката за првото место во Премиершип.

Трент Александер-Арнолд на овој натпревар постигна феноменален гол од слободен удар, а погодок за Ливерпул постигнаа и Рајан Гравенберч и Диого Јота. Стрелец на единствениот гол за Фулам беше Тимоти Кастање.

Жозе Мурињо веќе работеше за три клуба во Англија. Беше менаџер на Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем и не му е непознато како е да се работи во Премиер лигата.

Мурињо моментално живее во Лондон, но како што пренесуваат англиските медиуми, тој не само што дошол на мечот меѓу Фулам и Ливерпул, туку наводно станал кандидат број еден за преземање на клупата на „црвените“.

Клоп си заминува од Ливерпул на крајот од сезоната, но се уште не е официјално потврдено кој ќе го замени на „Енфилд“.

Навистина, раководството на Ливерпул преговара со неколку тренери откако стана јасно дека Германецот го напушта клубот, но допрва треба да се договори со никого.

Прв „пик“ беше Чаби Алонсо, но по неколкунеделни преговори, Алонсо им се заблагодари и на Баерн (М) и на Ливерпул и откри дека и следната сезона ќе остане во Баер Леверкузен.

После тоа, управата на „црвените“ се сврте кон тренерот на Спортинг од Лисабон, Рубен Аморим, но на крајот и тој јасно кажа дека и следната сезона ќе остане во Португалија.

Како што стојат работите, а како што тврдат Англичаните, Жозе Мурињо е тој што треба да го наследи Клоп на клупата на Ливерпул.