Ракетен напад во Украина, над 10 жртви

by Fokus

Единаесет лица загинаа, а 11 други се ранети денеска во големиот руски ракетен напад врз Украина, што се случи еден ден откако Германија и САД се договорија да испратат тенкови во Украина, соопштија украинските власти.

Врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила 47 од 55 руски проектили, а портпаролот на службата за вонредни ситуации Олександр Хорунџи на јавната телевизија ги кажа бројките на загинатите и повредените.

Според него, во Киев е убиен 55-годишен маж, а властите во Запорожје соопштија дека во руските напади загинале три лица. Жалузни, пак, рече дека само над Киев биле соборени 20 руски проектили.

Поврзани новости