Ќе се уредува Смоларскиот Водопад и локалитетот Пирго кај Мокриево – ќе бидат инвестирани 112 илјади евра !

1444

Во наредните шест месеци ќе се врши уредување и збогатување на содржините на Смоларскиот водопад и на излетничко рекреативното место Пирго кај Мокриево со цел привлекување на повеќе посетители и потикнување на туризмот во Општина Ново Село. Станува збор за проект кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со пари обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Ново Село. Работите треба да ги изведува фирмата Мајстор компани од Босилово која понуди најниска цена на распишната јавна набавка. Тие тендерот на ЦРЈИПР го добија за приближно 112 илјади евра за кој конкурира и фирми од Скопје и Струмица. Спроед информациите на Дрнка.МК фирмата од завчера е воведена во работа со што и тече рокот од шест месеци за реализација на проектот.

Според потпишаниот договор, Мајстор Компани во наредниот период ќе треба да изврши реконструкција на постојните патеки на Смоларскиот Водопад односно поплочување со природен матријал на оштетените делови со изведба на скали на одредени места. Поправка на постоечката дрвена ограда но и поставување нова на места каде нема, изведба на нов пешачки мост, реконструкција на постоечката платформа пред водопадот со поставување на стаклен под од 4 квадратни метри. Вдолж патеката се планира и поставување на 15 клупи за одмор, 20 корпи за отпад, патокази, инфо табли и паркинг простор за велосипеди.

Што се однесува до излетничко рекреативниот локалитет Пирго кај Мокриево, како што е наведено во техничката спецификација , освен изградба на патека до средновековната кула и поставување нови летниковци, се планира и воведување на нови содржини. Таму е предвидено изградба на одбојкарски терен на песок, изградба на детско игралиште со поставување на десетина детски реквизити а ќе се проширува и капацитетот на постојниот амфитеатар.

Лани за 63 илјади евра се изврши реконстуркција на патеките до Колешинскиот Водопад и Мокринските Извори  при што и на овие два локалитети беше поставена нова урбана опрема. И лани работите на терен ги работеше фирмата Мајстор Компани. ( В. Трајков )

фото ФБ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.