17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да направите домашен јаболков оцет

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа намена.

Јаболките темелно се мијат со проточна вода, оштетените делови се чистат без сечење на јадрото. Се сечат на тенки парчиња или се удираат со дрвен чекан и се ставаат во голема стаклена или во дрвена тегла. Истурете со вода додека не се покрие целосно.

Ставете ги потоа на топло место и по 7-8 дена кашата се цеди преку ситно сито или газа.

Добиениот сок се истура во тегли, и се става 3-4 лажички шеќер. Промешајте додека шеќерот не се раствори целосно. Потоа се остава на топло.

Кога ќе се расчисти ферментираната течност и се формира талог на дното на садот, чистата течност се исцедува со црево, и се истура во шишиња, кои се запечатуваат цврсто и се ставаат во ладна просторија.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …