Антонио Конте во следните три сезони ќе биде тренер на Наполи

Италијанскиот РАИ пренесува дека калчолигашот Наполи постигнал договор со Антонио Конте да седи на клупата на овој тим во следните три сезони. Во петокот вечерва биле договорени сите детали и сега останува само двете страни да го потпишат договорот.

Финансиските детали не се обелоденети, но најавите се дека Конте ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона. Конте е без работа повеќе од една година, откако на 26 март минатата година споразумно го раскина договорот со Тотенхем.

Искусниот италијански стратег претходно бил на клупата на Интер, Челзи, Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и арецо, а во периодот од 2014 до 2016 година беше и на селекторското место на италијанската репрезентација.

Главна цел на Конте во Наполи ќе биде да го врати тимот на победнички патеки. По повеќе од 30 години, Наполи минатата сезона ја освои шампионската титула, но оваа година игра очајно и моментално е на осмата позиција со шанси воопшто да не обезбеди место во европските купови за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести