„СДСМ има одлична коалиција во моментов. Нашите традиционални партнери остануваат во рамки на коалицијата со СДСМ, како и многу други вон парламентарни партии се дел од коалаицијата со СДСМ. Потпишавме меморандуми за соработка и со нови политички партии. Ние ја претставивме нашата рамка, нашиот план поединчно на секој колаиционен партнер и врз основа на тоа и самите тие ги носеа самите одлуки. Она кое што е наша заложба, европскиот пат е она кое што ќе не одбележи во наредниот период, одередени храбри мерки во речиси сите области и конзистентни економски мерки за добробит на граѓаните,“ рече заменик претседателката на СДСМ и носител на ИЕ 3, Сања Лукаревска во емеисијата Клик плус на ТВ 21.

Таа изрази зачуденост што одредени партии се вратени назад на стрната на ВМРО-ДПМНЕ, а претходно зборувале против истите.

На тема албански блок и поделеноста на две страни во него, Лукаревска истакна дека тоа се случува за прв пат, да има окрупнети сојузи на две страни.

Очекувам дека ќе има една фер и позитивна кампања. Ќе се бориме со мерките и проектите наместо со лични дисквалификации,“рече Лукаревска.