Штип ја доби првата памп патека во паркот во населба Баби

Штип ја доби првата памп патека во паркот во населба Баби . Нејзината цел е анимирачка која нуди анимирачка содржина за жителите на населба Баби како и за жителите од околните наслеби и велосипедистите. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека патеката е веќе пуштена во употреба и може да се користи и во ноќните часови. За нејзината инвестиција биле потребни околу 6 милиони евра.

„Она што сакам денес да го презентираме е новата памп трака која што ќе ја користат пред се младите велосипедисти, која што веќе се користи, која што како инвестиција ја реализиравме заедно со ФРМС во вкупен износ од 6 милиони денари. Заедничка инвестиција на Општина Штип и ФРЛС. Траката е во функција осветелена, може да се користи и во ноќните часови. Овде со нас е здружението на велосипедисти во нашиот град, кои што сигурно ќе ја промовираат оваа содржина, и ќе ги мотивираме и стимулираме да водат здрав живот„ изјави Јорданов

Во оваа прилика Никола Грозданов претставник на здружението МТВ Штип посочи дека со Општина Штип заедно ќе се залагаат да се оддржуваат едукативни настани, а во едно и да се промовираат придобивките од велосипедизмот

„Ние ќе се залагаме заедно со Општината да се оддржуваат едукативни настани со малдите, со цел да имаме поголема заштита при користењето на истата патека бидејќи е сериозен проект. И захтева да има заштитна опрема, заштитни шлемови, ракавици. Па патеката конкретно захтева посебна гранка во велосипедизмот, односно поголем дел на неа се вози со претискање на превозното средство„ изјави Грозданов

Во иднина се очекува поголема посетеност на патеката, како и одржување на настани од едукативен карактер кои што ќе бидат привлечни за сечија возраст.

Лаура Стојанова М-Нет