Дончиќ: Навикнат сум да насрнуваат на мене, ќе видиме колку е тешка повредата

Дуелот меѓу Далас и ЛА Клиперс од плејофот во НБА лигата во кој славеше Далас беше одбележан и од некоректниот потег на ветеранот на „клиперси“, Расел Вестбрук кој очигледно не можеше да се помири со начинот на кој игра неговиот тим.

Поголем инцидент спречија другите кошаркари. На крајот, сепак, Вестбрук успеа во својата намера бидејќи Дончиќ се пожали на повреда на коленото и прашање е дали ќе биде комплетно подготвен за четвртиот натпревар.

„Не е добро тоа со коленото, затоа што чувствував проблем и пред ударот од Вестбрук. Повеќе ќе знаеме деновиве, но секако јас ќе продолжам да играм“ – рече по мечот Лука, притоа осврнувајќи се на самиот инцидент:

„Восхитувачки е како Пи Џеј се впушти да ме одбрани од Вестбрук. Пи Џеј е тимски играч, ни помага на сите, среќен сум што е во нашиот тим. Инаку, сум навикнал на такви нешта, играчи да насрнуваат на мене. Се обидов да останам мирен, само да играм кошарка“.

Се вчитува...