Среде бел ден ладнокрвно убиена поранешна мисица на Еквадор/ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

850
Printscreen/Youtube

Надзорна камера го снимила грозоморниот чин, среде бел ден во ресторан ладнокрвно беше убиена поранешна мисица на Еквадор, само неколку месеци откако нејзиното име било спомнато во разговор меѓу двајца наркодилери. Како што пренесува dailymail.co.uk, Ленди Парага Гојбуро (23) била убиена додека била во ресторан со маж.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, тие лежерно разговараат кога еден од двајцата напаѓачи им пришол, без да забележат. Едниот од напаѓачите пукал во поранешната мисица и нејзиниот придружник, додека другиот чувал стража пред вратата на ресторанот.

Двајцата напаѓачи набрзо побегнале од местото на злосторството, а неподвижното рането тело на убавицата било оставено да лежи на подот. Полицијата започна истрага за злосторството и потрага по мотивот за убиството на Ланди Парага Гојбуро, која беше избрана за Мис на провинцијата Лос Риос во 2022 година.

Таа имаше над милион следбеници на социјалните мрежи каде беше многу активна. Како што објави, „ЕЛ Комерсио“ била сопственик на фирма која се занимавала со увоз и имала своја линија на спортска облека. На социјалните мрежи таа го споделувала луксузниот начин на живот. Патувала низ целиот свет, престојувала во скапи хотели и посетувала луксузни ресторани.

Сепак, зад раскошниот начин на живот криела многу помрачна вистина. Во декември минатата година, нејзиното име беше споменато во интервју објавено од канцеларијата на јавниот обвинител на Еквадор, како дел од истрагата за голема организирана криминална група.

Едно од 52-те лица кои се под истрага е Eливе Анхуло, чиј прекар е „Естимадо“. Во разговор на чет со наркодилерот Леандро Нореро напоменал дека полицијата го испрашувала за убиената убавица.

„Ако жена ми наиде на нешто за неа, јас сум готов. Мој пријателе, нејзиното име не смее никаде да стои. Во спротивно, мојот свет ќе се сруши“, му одговорил Нореро.