Познати Исповед

„Синан рече дека ќе ме проколне“: Вдовицата на Сакиќ откри дел од тестаментот, синот им ги загорчил животите

Со синот на Синан, Рашид, имале многу проблеми. Тој ненадејно почина во затворот во Сремска Митровица, каде издржувал тригодишна затворска казна за разбојништво.

„Синан рече дека ќе ме проколне“: Вдовицата на Сакиќ откри дел од тестаментот, синот им ги загорчил животите

Веќе подолго време се шпекулира дека вдовицата на Синан Сакиќ, Сабина не е во најдобри односи со децата на пејачот од првиот брак, Меда и покојниот Рашид, а причината била наследството.

Сабина проговори за деталите од нивната врска во емисијата „Премиера викенд специјал“,  каде кажа дека тој е виновен за запалената куќа во 2020 година.

Со синот на Синан, Рашид, имале многу проблеми. Тој ненадејно почина во затворот во Сремска Митровица, каде издржувал тригодишна затворска казна за разбојништво.

-Да, тој беше обвинет, требаше да оди на судење во август, па го одложија за мај, па го откажаа. Требаше да биде казнет. Му дадов околу 11.000 евра што беше малку за него. Продолжи да ме рекетира, да ме уценува, се закануваше дека ќе ми го земе студиото. Четириесет години бев во брак со Синан, двајцата работевме и заработувавме. Па, тој има мајка, мајка му нека му остави нешто, рече Сабина, а потоа додаде:

-Братот на Рашид ми кажа дека се договориле и имале состаноци во куќата на неговата мајка, да му ја запалат куќата на Синан. Мислам дека Синан тогаш се превртуваше во гробот. Синан остави во тестамент дека ќе ме проколне ако го напуштам тој стан. Отидов откако ја запалија куќата и го направив тоа. Тој донекаде се плашеше од мене… Нема кривично дело што не го направил, изјавила Сабина за Рашид.

Најнови вести од Познати

To top